За разлика од градските автобуси на ЈСП, кај една група приватни превозници се регистрирани низа неправилности и нерегуларности во нивното работење, како и неисполнувањето на услугите за кои тие наплаќаат од ЈСП, велат од Град Скопје за МИА.
Оттаму информираат дека регистрирани се неправилности и нерегуларности во субстандардните услови на автобусите, нивната техничка неисправност, саботажа на системот за следење на движењето на нивните автобуси па се до неисправност на фискалните уреди и непочитување на утврдениот возен ред.
– Сето ова ни дава за право да ја преиспитаме оправданоста на висината на сумата која оваа група на приватни превозници ја побаруваат како надомест за нивните услуги. ЈСП и Град Скопје во неколку наврати укажаа на овие пропусти и недостатоци, дури беше даден и рок за да се подобрат квалитетот на автбусите и нивната техничка исправност, одговорија од Градот во однос на прашањето за барањето на приватниот автобуски превозник „Макекспрес“ за исплата на сумите за август, септември и октомври.
Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ трет ден не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради, како што објави, неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје.
Сопственикот на претпријaтието, Милорад Димитријевски претходно во изјава за МИА истакна дека денеска очекуваат средба со претставници од ЈСП и Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приватните автобуси на линиите 19, 20, 22, 52 и 54 и денеска не сообраќаат поради неисплатен долг
МИА