еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Град Скопје повика Советот денеска да закаже седница за да се изгласа одлука за пренамена на средства за плати за ЈСП

Град Скопје повика претседателот на Советот на градот да закаже во најкус можен рок вонредна седница во текот на денов, за да може веднаш да се изгласа одлуката изготвена по вчерашната вонредна седница, за пренамена на средства со кои вработените во ЈСП „Скопје“ веќе утре би ја добиле септемвриската плата.

-Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати, денес градот Скопје изнајде решение за итна исплата на средствата.

Исто така, апелираме до оние кои ги инструираа дел од т.н. синдикалци да обезбедат правна помош за нив, бидејќи спротивно на Законот за јавни претпријатија и работнички права, денес ја попречија работата на ЈСП без притоа да пријават штрајк и да формираат штрајкувачки одбор со што согласно чл.35 од горенаведениот закон се и кривично одговорни, наведува Град Скопје во соопштение до медиумите.

Одговорност мора да има, се наведува во дописот, и ќе се бара и од членовите на Управниот одбор на ЈСП и нив Град Скопје ги повикува да поднесат оставки.

-Ги повикуваме и членовите на управниот одбор на ЈСП назначени по предлог на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат неотповикливи оставки поради доведување во заблуда на дел од вработените во претпријатието и предизвикување прекин на работните задачи на вработените, се наведува во соопштението на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈСП „Скопје“: Дваесетина лица го спречуваат работењето на претпријатието, ќе следат кривични пријави

Скопје без градски превоз, автобусите на ЈСП денеска не возат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мафијата дистрибуира бесплатна храна на најзагрозените семејства во Италија

Редакција

Поради доцнење на државната помош, над 3.500 штипски текстилни работници од денеска на колективен одмор

Редакција

Од Ковид-19 почина едно лице од Битола

Редакција