Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски на Институтот за трансфузиона медицина донираше крвна плазма.
– Многу сум среќен затоа што успеав си го исполнав ветувањето кое си го дадов уште додека се лекував, дека штом оздравам и се создадат услови, ќе дарувам крв за да дадам шанса за успешно лекување, исто како што и јас ја добив таа можност, за што сум бескрајно благодарен.
Откако се изборив со инфекцијата Ковид-19 и по низата испитувања и процедури, се востанови дека ги исполнувам условите за дарување на конвалесцентна плазма. Воопшто не се двоумев и веднаш се пријавив за донирање на плазма, рече Георгиевски.
Тој упати и апел до сите лица кои се избориле со Ковид-19 да даруваат крв, за да им се даде шанса на оние кои допрва ќе поминуваат низ оваа голгота, полесно да ја пребродат.
– Сакам да порачам дека од големо значење е да сфатат сите кои се излекувале од оваа инфекција дека колку повеќе лица даруваат крв, толку повеќе наши сограѓани ќе можат полесно да се изборат со Ковид-19 затоа што крвната плазма на лицата кои биле излекувани, имаат антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а се врзува за вирусот на организмот на болниот, го намалува неговото дејство и со тоа ја намалуваи прогресијата на болеста.
Затоа, ве охрабрувам сите кои што успеавте да се изборите со болеста, да донирате крвна плазма, затоа што нема поубаво чувство од тоа да спасите нечиј живот, истакна Георгиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пример за почит: Младиот Борјан даруваше крвна плазма за лекување на заболени од Ковид-19
Обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19
Фото: Фејсбук/Георгиевски