еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Перник: На оваа делница често има несреќи, оваа рута е една од најтешките во Бугарија

Автобусот скинал околу 50 метри од заштитната ограда, изјави градоначалникот на Перник, Станислав Владимиров пред новинарите во близина на местото на несреќата, во која загинаа 46 лица.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Владимиров, делницата е влажна. Причините за несреќата можат да бидат многу.

-Патот е влажен. Овој дел има многу голема надолнина. Од вчера врне слаб дожд. Не може да се каже дали причината е лошото време, но причините може да бидат многу, рече Владимиров.

Според градоначалникот на Перник, на овој дел од патот често се случуваат несреќи. Оваа рута е една од најтешките во Бугарија, има огромна денивелација, и голема концентрација на сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобусот кој изгоре во Бугарија е на „Беса транс“, во него се превезувале лица кои се враќале од екскурзија

(Фото) Голема трагедија: Најмалку 45 лица загинаа откако македонски автобус се запали во Бугарија

Преживеан од автобусот кој изгоре во Бугарија на Заев му кажал дека се слушнала силна експлозија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Штип, Бочварски ќе ја обжали одлуката на Антикорупциска

Редакција

ЦО на СДСМ: Наумовска, Колемишевски, Мехмедовиќ ќе бидат номинирани за нови заменици-министри

Редакција

Ѓоргиев: Комисијата по секоја цена нема да носи решенија за историските недоразбирања

Редакција