Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе се вози во два нови службени автомобили „Citroen C3 Feel“ и „Citroen C4 Catus Feel“, кои ќе имаат и задни светла со 3Д ефект.
Договорот за набавка на автомобилите, за кои Општината одвоила над 32.000 евра е склучен на 23 јули, а вчера е објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.
Според договорот автомобилите се набавени преку оперативен лизинг од Друштво за трговија и услуги АВТОНОВА ДОО експорт-импорт Скопје.
Фото: Фејсбук/Курто Дудуш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.