Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија се регистрирани 663 случаи на заболени со коронавирусот.
“Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 319 машки и 344 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 30,8/100.000, додека кај женските 33,3/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 141 (21,3%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 50,7/100.000“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 8. април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
206 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми
181 лица од заболените со коронавирусот во Македонија се со хронична и здравствени состојби
Детален преглед по градови: 30 починати и 633 заболени од коронавирусот во Македонија
25 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 6 неодамна патувале
Графикон: ИЈЗ