еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Границата со Грција останува затворена до 15 август

Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август 2020 година, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што претходно објави МИА, денеска истекува одлуката од 15 јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција, која сега е продолжена за уште 15 дена.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Универзал-Балкан“ ќе ја реконструира Универзална сала

Редакција

Пописот завршува денеска: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава и 203.144 од дијаспората

Редакција

Расте бројот на странски туристи во Македонија

Редакција