еМагазин
Image default
Македонија

Граничен полицаец ранет од негов колега при чистење на службениот пиштол

Припадник на граничната полиција бил застрелан во левата подлактица откако негов колега испукал еден куршум додека го чистел својот службен пиштол, информираа од СВР Тетово.

Според полициските информации, инцидентот се случил вчера околу 12:30 часот во Полициската станица за граничен надзор Рогачево.

На местото веднаш бил извршен увид, а за случајот биле известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18 прекршувања на полицискиот час, 631 казни за неносење маска

Редакција

Четврта жртва на коронавирусот во Македонија: Почина жена на 66 годишна возраст од околината на Струга

Редакција

(Видео) Целиот говор на Христијан Мицкоски на прославата во МНТ

Редакција