Управниот одбор на ГД,,Гранит,,АД Скопје на ден 09.04.2020 година, без одржување на седница, а во согласност со сите членови на Управниот одбор, по пат на телефонска-телефакс врска, расправајќи за исплатата на дивиденда за 2019 година до Собранието достави предлог за исплата на дивиденда
во бруто износ од 33,33 денари по акција, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Дивиденда за 2019 година да се исплати од акумулираните нераспределени добивки од минати години на друштвото до 31.12.2008 година, во бруто износ од 92.330.900 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 22.05.2020 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 26.05.2020 година.
Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2019 година е 27.05.2020 година.
Исплатата на дивиденда ќе се изврши на 28.09.2020 година. Акционерите со право на исплата на дивиденда за 2019 година, да се известат за времето и начинот на исплатата на дивидендата, преку дневниот печат. Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Гранит“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар „АСНОМ“ вреден 5,9 милиони евра
„Гранит“ ќе го гради автопатот Блаце-Скопје за 14 милиони евра