еМагазин
Image default
Македонија

Грчката влада ги бендисала финалните уставни амандмани на македонскиот Устав

По поднесениот финален текст на уставните амандмани усвоени од македонската Влада, грчки владини извори коментираат дека промената во членот 49 параграф 3, и воведувањето на формулацијата „дијаспора“ како што е во членот 108 на грчкиот устав, „одговараат на духот и текстот на Договорот од Преспа, чиј тек за спроведување, продолжува“, јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори додаваат дека изјавите на македонскиот премиер, очигледно е дека биле за внатрешни цели за да обезбеди поддршка за договорот, но „останува неговата посветеност на Договорот од Преспа“.

-Ова исто така покажува дека договорот содржи ефективни мерки на заштита, кои во комбинација со интервенциите од грчка страна, но и од меѓународната заедница, не оставаат простор за какво било погрешно толкување, коментираат грчки владини извори, пренесе МИА.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Што пишува во конечните амандмани на Уставот согласно договорот со Грција?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева: Чиста сум, не само Бојан Јовановски, туку и други без да знам го злоупотребувале моето име и презиме

Редакција

(Аудио) „Таа Даниела и тој Ратко утре ќе ги убијам“: И денеска „пукаат“ бомби за Јанушев и Јанакиески

Редакција

МТСП: Силјановска Давкова дрско ги злоупотребува децата од СОС Детско село во предизборна кампања  

Редакција