еМагазин
Image default
Бизнис

Групацијата Топлификација оствари добивка од 2,1 милиони денари

Групацијата Топлификација за периодот јануари-септември 2018 година оствари нето добивка по оданочување во износ од 2.145.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Вкупните приходи се во износ од 123.926.000 денари за деветомесечието од 2018 година. Вкупните приходи се состојат од приходи од продажба, останати оперативни приходи и финансиски приходи. Приходите од продажба во износ од 54.280.000 денари се приходи кои произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија, приходи од продажба на топлинска енергија, приходи од проекти.

Останати оперативни приходи се во износ 13.073.000 денари и истите во најголем дел се приходи од наплата на побарувања за топлинска енергија. Финансиските приходи во износ од 56.572.000 денари се приходи од камата на побарувања по однос на дадени заеми и побарувања по однос на продадена топлинска енергија“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за култура вработува пет лица, плата до 32.887 денари

Редакција

Жито Полог во загуба во првите девет месеци

Редакција

Владата донесе нови рокови за поделба и употреба на домашните платежни картички

Редакција