еМагазин
Свет

Грузија ја легализираше марихуаната за лична употреба

Уставниот суд на Грузија ги укина казните на лицата осудени за употреба на канабис, со образложение дека станува збор за „право на личен избор“.

Сепак, одгледувањето и продажбата на оваа супстанција остануваат вон законот.

Судот одлучи дека „казната за конзумација на марихуана е во спротивност со на грузискиот Устав”.

До моментот на донесувањето на решението, казната за користење канабис изнесуваше 170 евра.

Во мај илјадници луѓе со серија концерти протестираа во главниот град на Грузија, Тбилиси, со барање за легализација на марихуаната.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Моментално не се препорачува комбинирање на вакцини против Ковид-19

Редакција

Полска повеќе нема да испорачува оружје на Украина

Редакција

Истакнете „бели знамиња“ за да склучиме хуманитарно примирје во „Азовстал“ во Мариупол, велат од Руското министерство за одбрана

Редакција