еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

„Гугл“ тврди дека направил компјутер помоќен и од најмоќните денешни суперкомпјутери

Гугл тврди дека го изградиле првиот квантен компјутер за пресметување и решавање проблеми над можностите на најмоќните денешни суперкомпјутери, објави „Фајненшл Тајмс“.

Извештајот на истражувачите на Гугл, кратко објавен на веб-страницата НАСА, а потоа отстранет, тврди дека нивниот процесор за три минути и 20 секунди  бил во можност да ги изврши пресметките за кои на најнапредниот класичен компјутер му требаат приближно 10.000 години.

Истражувачите велат дека тоа значи „квантна супериорност“ кога квантните компјутери вршат пресметки што претходно биле невозможни.

„Ова драматично забрзување над сите познати класични алгоритми овозможува експериментална реализација на квантната супериорност. Колку што знаеме, овој експеримент означува прва пресметка што може да се изврши само од квантен процесор”.

Како што се наведува, системот може да изврши само една високо-технолошка пресметка, но потребни се многу години да се користат квантни машини за решавање практични проблеми.

За разлика од основните бинарни елементи на класичните компјутери, или битовите што претставуваат нули или единици, квантните битови или кубити можат да ги претставуваат и двете во исто време.

Со поврзување на кубитите, квантните компјутери истовремено можат да обработуваат огромни количини информации, додека традиционалните компјутери мораат тоа да го работат секвенцијално.

МИА/Фото: pymnts.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внимавајте на змии периодов, може да се појават секаде

Редакција

(ВИДЕО) Масовен грабеж во Чикаго: Стотици граѓани ги „нападнаа“ луксузните продавници

Редакција

Народна банка за годинава прогнозира економски раст од 2,3% и инфлација од 3,5%

Редакција