еМагазин
Image default
Локално

„Халк банка“: Нема повредени при грабежот, парите се осигурани

По објавувањето на информацијата во некои медиуми во врска со вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк АД Скопје“ во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја проследува следната изјава за медиуми:

„Во врска со денешниот грабеж  во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.

Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката“, соопштуваат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вооружени разбојници ја ограбиле „Халк банка“ на Качанички пат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка во дворот нашла залутан куршум

Редакција

Несекојдневен случај: Кумановец ограбен од двајцата синови

Редакција

Во Велес загина 11-годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со тешки повреди, откако автомобил удри во нив, по возачот се трага

Редакција