Наама Леви, 19-годишна девојка со далечни корени од Македонија, била киднапирана на 7. октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел, јавува „Гласот на Америка“ на македонски јазик.
Информацијата им ја потврдила Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.
„Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Таа е активист за мир, но била киднапирана и однесена во Газа. Има докази и видео од нејзе “, вели Друмер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ја нема признаено Палестина, која е нападната од Израел
(Фото) Семејството од Газа пристигна во Македонија, се очекува евакуација и на брачниот пар
Фото: Unsplash