Пет млади момчиња од Дубровник, Хрватска, добија притвор до 30 дена, откако натепале и навредувале четворица мажи, еден Хрват, двајца државјани на Босна и Херцеговина и еден државјанин на Македонија, сите сезонски работници, јавуваат хрватските медиуми.
При физичкиот напад врз сезонските работници тие покажале екстремни агресивност, непромисленост и бруталност, информираа од Жупанскиот суд во Дубровник.
Инцидентот се случил по ноќно излегување и вербален конфликт. Околу 5 часот пред ноќниот бар „Еликс“, сезонските работници за да избегнат понатамошен конфликт со такси го напуштиле местото и отишле во нивниот сместувачки објект во месноста Бабино кук.
Но, напаѓачите ги следела и откако работниците се симнале, физички ги нападнале и на тројца им нанеле полесни физички повреди.
Како што пренесуваат хрватските медиуми сезонските работници ги навредувале и по национална основа.
Четворицата сезонски работници работеле во ланецот хотели „Валамар Ривиера“.