еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарна акција Волшебно велигденско дрво” во Рамстор Мол

Рамстор Мол, осма година по ред, по повод големиот празник Велигден, ја организира хуманитарната акција “Волшебно велигденско дрво“, информираат од таму.

Хуманитарната акција е оранизирана и овозможена благодарение на Црвен крст на Град Скопје и Рамстор Mол во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на Град Скопје, а поддржана од Комерцијална банка АД Скопје и истата е наменета за корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет“.

Хуманитарната акција ќе трае од 05.04.2023 до 12.04.2023, каде што сите посетители на Рамстор мол ќе имаат можност да одберат едно или повеќе хартиени велигденски јајца од “Волшебното велигденско дрво“, на кое се напишани желбите на корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет“ и да исполат нечија желба.

-Се повикуваат сите граѓани и општествено одговорни компании да се вклучат во оваа акција, за заедно да исполниме желби и да донесеме среќа, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен настан под мотото „Да го вратиме звукот на Дамјан“, во паркот во Ѓорче Петров

Редакција

Донаторска акција „Нахрани 10.000“: Целта е да се соберат 10 тони храна за 10.000 социјално загрозени граѓани

Редакција

„Невидливото да стане видливо“: Фејсбук група “Сончогледи за невидлива попреченост“

Редакција