еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Хуманитарна акција за Марко Здравковски во хотел Монтана во Крушево

Во период на зимската сезона за време на новогодишните и божикните празници па се до крајот на јануари во хотел Монтана во Крушево се поставени кутии за донации наменети за лекување на 25- годишниот Марко Здравковски, на кого му е дијагностициран канцер на хранопровод во четврти стадиум метастазиран и на белите дробови.

Во продолжение повикот за вклучување во хуманитарниот подвиг:

-Почитувани другари, пријатели, познаници, луѓе пред сè благодарни сме што се одваживте да го споделите и раширите апелот и повик на социјалните мрежи за помош и хуманост за нашиот другар Марко Здравковски на кој му е дијагностициран 4 стадиум канцер на хранопровод со метастази на белите дробови!

Ги повикувам сите фирми и компании кои се сметаат за општествено одговорни да се одважат и да донираат симболичен дел од својот буџет за лекувањето на Марко Здравковски!

Ги повикуваме сите владини и невладини организации да се приклучат кон овој подвиг и придонесат со својата хуманост! Воедно ги повикувам сите угостителски објекти да го следат примерот на хотел Монтана, Блок Кафе, Љубовна куќичка и многу други, во следниот период околу Божикните празници додека капацитетите се исполнети во своите локали да постават кутии за донација кои ќе одиграат сериозна улога во помошта и лекувањето на Марче.

Исто така јавен повик до сите спортски организации, клубови, спортски работници, спортисти, навивачки групи да одиграат барем еден натпревар во дресот на Марко и да ги донираат средствата од картите. Барем можеме да се пофалиме дека ние спортистите сме со големо срце. МЗТСкопје, Работнички, Вардар, Пелистер, Алкалоид, Шкупи, ФемилиАеродром, СитиПаркБојс, Комити, Чкембари! Да дадеме поддршка пред најважниот и одлучувачки натпревар на Марче!

За крај Ви благодарам на сите хумани луѓе кои досега го дадоа својот придонес и помош кон остварување на целта. Можеби како нација сме тешки на договор по било кое прашање, но знам дека како нација во вакви моменти сме сплотени повеќе од било кои други на светот, сме докажале дека можеме, да докажеме и покажеме и сега затоа што Марче заслужува здрав живот и заслужува шанса!.

Денарска сметка за донација • 250500023957049

SPARKASSE BANK

Шифра: 562

А1: 143 485

Телеком: 143 434

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 25-годишниот Марко му се потребни средства за лекување на канцер во странство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бројот на Бугари во Македонија се дуплирал и е највисок откако се попишува населението

Редакција

(Фото) Започна со производство соларната електрана на ГЕНИ, најголема во Македонија: Струја за 5.500 домаќинства

Редакција

(Фото) Иселеник од Австралија со спреј го испрска натписот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола

Редакција