еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Има само „Форд фиеста“ и кредит: Каков имот пријавил разрешениот Хазби Лика

Собранието синоќа го разреши вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување на корупција, кога стана вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор.

Каков имот пријавил?

Според анкетениот лист, на свое име пријавил само возило „Форд фиеста“ и кредит кој ќе го исплаќа до 2028 година, од 54 илјади евра.

Во графата стои дека ја пријавил и платата, ама сумата ја нема.

На име на родителите пријавил деловен простор и куќа во Тетово, а на име на брат земјиште во Дебар.

На име на брат пријавил уште две возила и уште едно на име на родителите.

На име на сопругата пријавил месечна плата од 30 илјади денари, дуќан во Приштина и градежно земјиште за кое не навел каде е.

На име на брат пријавил дуќан за кој исто така не навел каде е, градежно земјиште, како и фирмата Лика-Компани, проценета на 200 илјади евра.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го малтретирале комунистите и бил еден од првите членови на ОВК: Што пишува во биографијата на разрешениот Хазби Лика

Што пишува во биографијата на разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски

Како имот пријавил поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 9 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Индустријата работи турбо преку летово, а во Скопје нема загадување над дозволеното

Редакција

Топлотен бран во Македонија: Министерството за здравство даде препораки за заштита на населението

Редакција