еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфалцијата во јули 8,4%

Државниот завод за статистика измери дека инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти, а цените на мало се зголемени за 4,9 проценти.

Според денеска објавени податоци, трошоците на живот во јули годинава се зголемени за еден процент во споредба со јуни, а цените на мало за 1,6 проценти.

Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежото и разладеното овошје за 12,6 проценти, лебот и житата за 3,8 проценти, сирењето и урдата за 1,8 проценти, рибата и морските плодови, млекото за 0,9 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, …..

Пораст е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт, електричната енергија, услугите за сместување, домашните услуги и услугите за домаќинствата, течните горива за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување….

Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,8 проценти, маслото и маснотиите за 3,6 проценти, жестоките пијалаци за 0,9 проценти,…

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Во Газа досега убиени над 5.000 деца

Редакција

(Фото) Асоцијацијата за метална и електро индустрија МАМЕИ го одбележа своето 10-годишно постоење, еМагазин доби благодарница

Силвана Жежова

Битолчанец загина откако со возило излетал од пат

Редакција