Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 101.0, а индексот на цените на мало изнесува 100.7.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 13.2 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2.0 %, виното за 0.8 %, сирењето и урдата за 0.7 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.5 %, месото, пивото за 0.3 %, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото, жестоките пијалаци за 0.2 %.
Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 14.5 %, туристичките аранжмани за 7.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.0 %, производите за домаќинството – нетрајни за 1.8 %, течните горива за домаќинствата за 1.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.6 %, теписите и другите подни покривки за 1.5 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.3 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1.0 %, големите електрични апарати за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците, книгите, услугите за сместување за 0.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, другото образование за 0.7 %, чевлите и другите обувки, електричните апарати за лична хигиена за 0.6 %, облеката за 0.5 %, другите лични предмети за 0.4 %, моторните возила за 0.3 %, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, велосипедите, медиумите за снимање, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, рестораните, кафулињата и слично, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 0.8 % и млекото за 0.7 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата 2.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.9 %, домашните миленици и сродните производи за 0.8 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.6 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0.4 %, игрите, играчките и хобијата за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи зголемување од 9.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.7 %.
Фото: Унсплеш