Инспекторите во Државниот пазарeн инспекторат (ДПИ) застанаа во одбрана на директорот Стојко Пауновски и бараат да се повлече барањето за негово разрешување.
„Условите кои ги обезбеди за вработените и за работењето на ДПИ во три години од неговиот мандат се услови коишто ќе ги користат вработените уште многу години во иднина.
Од набавка на нови возила, комплетна реконструкција на речиси сите подрачни одделенија, како и зголемување на бројот на инспектори во однос на административен кадар.
Квалитетот на работењето, како и реномето на Инспекторатот го издигна на многу повисоко и попрофесионално ниво, за што укажуваат и остварените резултати“, изјави за медиумите инспекторката Александра Котели.
Инспекторите потпишуваат и петиција за Пауновски да остане на работа.
Вработените во ДПИ изреагираа, бидејќи премиерот Зоран Заев најави дека ќе побара разрешување на Пауновски, откако тој одби да прифати во неговата институција да бидат прераспределени 35 „рамковни“ административци.
Вечерва и вицепремиерите Љупчо Николовски и Артан Груби, излегоа со заедничко соопштение во кое, образложувајќи ја распределбата на рамковните вработени, меѓудругото истакнаа дека „неприфатливо е спротивставување на одлуки на Влада“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев ќе побара разрешување на Пауновски поради одбивањето да прифати дел од рамковните вработени
Поддршка на социјалните мрежи за Пауновски, кој му се спротистави на Заев за рамковните вработени
Фото: Влада