еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Интересен тајминг“ за апсење на таткото на Јани Бојаџи

Министерството за внатршени работи денеска демантираше дека апсењето на таткото на режисерот Јани Бојаџи е поврзано со вчерашната македонска премиера на филмот „Ругање со Христа“, кој предизвика контроверзи, а Министерството за култура го означи како скандалозен, бидејќи ги навредувал чувствата на Албанците.

Оттаму информираа дека на случајот во кој 13 лица се обвинети за препродавање бесценети македонски артефакти во Грција, Турција и други држави се работело повеќе од година дена.

Сепак, повеќе македонски граѓани на социјалните мрежи реагираа дека станува збор за интересен тајминг со оглед на тоа што претходно надлежните институции најавија дека ќе направат се што е во нивна моќ да го спречат прикажувањето на филмот во земјава.

Останува впечатокот дека МВР воопшто ќе немаше потреба да демантира каква било поврзаност меѓу двата случаи доколку претходно немаше обид за цензура на уметничко дело од страна на државата и покрај тоа што цензурата е забранета со Уставот на Република Македонија.

Фото: Промо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ганка Цветанова: Апсењето на таткото на Бојаџи е типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе и цели семејства

„Ругање со Христос„ на Јани Бојаџи ќе се прикажува само во Штип, другите државни центри за култура немале термин

(Видео) МВР со детали за апсењето на таткото на Јани Бојаџи и уште 12 лица

„Ругање со Христос“ награден на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал

Погледнете го трејлерот: За Министерството за култура филмот „Ругање со Христос“ е скандалозен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИРЛ открива пропусти на Обвинителството за истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, од таму велат дека тоа е манипулација

Редакција

(Фото) Спајдермен, Бетмен и други суперхерои ги посетија децата на Клиниката за детски болести во Скопје

Редакција

Седумте пациенти кои денеска се тестираа не се заразени од коронавирусот

Редакција