еМагазин
Image default
Македонија

ИРИ: Заев со најголем рејтинг, Груевски со поголема поддршка од Мицкоски

Меѓу политичарите во Македонија, според најновата анкета на ИРИ, најголема поддршка има Зоран Заев со 16 отсто, Никола Груевски го поддржуваат седум отсто, Али Ахмети пет, Ѓорге Иванов пет, а Христијан Мицкоски и Никола Димитров имаат поддршка од два отсто од анкетираните.

Во споредба со претходната анкета од август 2017 рејтингот на Заев е ист, на Груевски е намален за четири проценти, а на Ахмети за еден отсто.

Вкупно 45 отсто од граѓаните опфатени со анкетата одговориле дека не поддржуваат ниту еден политичар, што е зголемување од 14 отсто во споредба со претходното истражување.

На прашањето, пак, дали ВМРО-ДПМНЕ дејствува како конструктивна опозиција, вкупно 34 проценти одговориле потврдно, а спротивен став имаат 45 отсто.

Анкетата на ИРИ е спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку ГфК Скопје. Податоците се собрани преку интервјуа лице в лице од 28 јуни до 15 јули 2018 година од страна на обучени професионалци. Примерокот се состои од 1.100 анкетирани, на возраст над 18 години, а стапката на одговор беше 69 проценти.

Истражување е спроведено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој.

МИА/Фото: Фејсбук/Зоран Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Атина ќе испрати вербална нота: Македонија следната недела станува Северна Македонија

Редакција

(Видео+фото) Стражарите добија бакнежи: Старлетата Нивес Целзиус на прием кај Пендаровски

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“, ќе се изведуваат материјални докази

Редакција