Италија ги затвори границите за 13 земји кои ги смета за најризични места за ширење на коронавирусот.
Забраната се однесува и на граѓаните од Македонија, како и на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.
– Епидемијата е во најзаострена фаза на глобално ниво. Не можеме да ја загрозиме жртвата што ја направија Италијанците во последните месеци, изјави министерот за здравство, Роберто Сперанза.
Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
29,6% од заболените со Ковид-19 без симптоми, 64,1% имале контакт со потврден случај
Висока температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија
Ресен и Штип со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители
Фото: Влада