еМагазин
Балкан

Иванов од „Демократска Бугарија“: Мора да најдеме решение за проблемот со Македонија во овој парламент

Во својот говор на отворањето на 46. Народно собрание на Бугарија, лидерот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, рече дека мора да се најде решение со Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Иванов, Бугарија мора да покаже цврстина, но и храброст и да најде решение за проблемот со Република Северна Македонија во новиот парламент.

Вистината, според Иванов, треба да се одбрани, но исто така и треба да се најде начин заедно да станеме членови на европското семејство, бидејќи, како што нагласи тој, тоа е бугарскиот национален стратешки интерес.

Во својот говор пред новото Национално собрание, Иванов, исто така, истакна дека нивните приоритети ќе бидат справување со новиот четврти бран Ковид-19 и борбата против корупцијата.

МИА/Фото: Фејсбук/Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И македонски државјанин меѓу загинатите во експлозија во фабрика во Словенија

Редакција

(Видео) Во геј бар лидерот на Сириза ја славеше легализацијата на истополовите бракови во Грција

Редакција

Стејт департмент: Бугарија има сериозни проблеми во судството, со полициско насилство, цензура во медиумите

Редакција