еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иванов побарал средства за канцеларии за неговиот иден кабинет: Што друго му следува

Кабинетот на претседателот во заминување Ѓорге Иванов побарал од владината Служба за општи и заеднички работи да му бидат доделени канцеларии што ќе ги користи по престанокот на функцијата, потврдија за МИА од СОЗР.

Од СОЗР велат дека писменото барањето од Иванов што пристигнало претпладнево, ќе биде одобрено. Станува збор за канцелариски простор што досегашниот шеф на државата веќе го нашол и бара да биде склучен договор за негово изнајмување.

Вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов му истекува на 12. мај.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

Од поранешните претседатели, Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет. Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата имаат други права предвидени со Законот.

Според Уставот и законот, доживотните привилегии еден поранешен претседател може да ги загуби само ако бил разрешен со импичмент или ако Уставниот суд констатирал за време на мандатот дека претседателот има деловна неспособност.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Нема воздух, нема мир“: Младите им одржаа лекција на старите на масовниот еколошки марш во Скопје

Редакција

Не се знае кој пукаше во градоначалникот на Арачиново, објавени фотографии од повредените

Редакција

Рекорден број новозаболени од корона вирусот на дневно ниво: Позитивни 12,8% од тестираните

Редакција