еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Избори во Грција: Граѓаните сакаат промени

Во време кога трошоците за живот секојдневно растат, а Грците се чуствуваат како една од најнезадоволните нации во Европа, според неодамна објавената анализа на Евростат и Лангеист, утре во Грција се одржуваат парламентарни избори, за кои е неизвесно дали ќе донесат нова влада или нови избори во јули, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат предност на владејачката Нова демократија, но сомнеж кон овие анкети фрла фактот што нив најчесто ги прават отворено провладините медиуми, чиј број е загрижувачки.

Но, онаа што е кристално јасно, е дека грчките граѓани се гневни на актуелната власт, се фрустрирани и сакаат промени.

Очајна состојба во медиумите и здравството, зголемно насилство од страна на полицијата

Дека Грција, која е над 40 години членка на Европската Унија (ЕУ) има сериозен проблем со независноста на медиумите покажа и неодамнешното рангирање на земјата дури на 107 место на листата на Репортери без граници, со што земјата котира најлошо во рамките на ЕУ.

Во текот на владењето на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис дополнително се влоши и состојбата во здравствениот систем.

Колку е состојбата очајна покажа неодамнешниот протест на доктори во болница во Солун, кои протестираа дека им фали кадар, па пациенти се праќаа во Драма, која е на два часа возење.

Пандемијата со Ковид-19 ги извади на површина сите недостатоци на здравствениот систем и го покажа неинвестирањето во него, а осиромашените граѓани се почесто немаат избор, па мора да бараат услуги во скапиот приватен сектор.

За време на владеењето на Мицотакис порасна и насилството од страна на полицијата, анализираше неодамна бриселски “Политико“.

Според прелиминарните податоци од канцеларијата на грчкиот Народен правобранител за 2022 година, поплаките на граѓаните против полицијата во споредба со 2019 година пораснале за 50 отсто, а воедно има и пораст од 14 отсто кај инцидентите поврзани со расно мотивирани полициски акции, пишува магазинот.

Грчкиот омбудсман Андреас Потакис за „Политико“ вели дека односот на владата кон полицијата е „претерано поддржувачки“ и дека може да биде „погрешно протолкуван“ од полицајците, терајќи ги да мислат дека имаат „карт бланш“ да прават се што ќе посакаат.

-Една од првите задачи на владата по преземањето на функцијата пред четири години беше да ја заживее полициската единица на мотори, која беше распуштена во времето на претходната влада на Сириза поради кршење на човекови права.

Најголем дел од 1.500 новопримени полицајци беше регрутиран од редовите на специјалните воени сили, додека кадрите од полициската академија едноставно беа „заобиколени“, пишува магазинот.

Магазинот пренесува и изјава на таа тема од лидерот на Сириза, Алексис Ципрас.

-Грчката полиција соработува со криминалот, наместо да се бори против него, вели Ципрас, додавајќи дека „грчката мафија е во грчката полиција“.

Афера со прислушување, трагедија во Терми

Пред неколку месеци во страшна железничка несреќа кај Терми загинаа 57 лица, претежно млади, а оваа голема трагедија покажа уште една лоша страна на владеењето на Мицотакис. Несреќата покажа дека на клучни позиции се вработувале партиски кадри, а не стручњаци, но и колку бил несериозен пристапот на државата кон инвестирањето во железничкиот сообраќај кој го користат многу Грци.

За време на Мицотакис избувнаа бројни скандали, а еден од најголемите беше аферата со прислушувањето. Наместо сериозна истрага, власта со помош на провладините медиуми на секој начин се трудеше да го минимизира сериозниот скандал.

Како што објавија медиумите меѓу прислушуваните беа актуелни и поранешни функционери, но и новинари и лидерот на опзициската ПАСОК, Никос Андрулакис, кои заедно со Европскиот парламент сѐ единствените што се уште инсистираат на разјаснување на скандалот.

И Македонија е тема 

И Македонија е една од темите на изборите.

Лидерот на Грчко решение, партија која е дел од актуелниот грчки Парламент покажувајќи слики со поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев со Ципрас и Мицотакис, на неодамнешната т.н. дебата на националната телевизија ЕРТ, но и во изборните спотови најавува дека ако победи ќе го поништи Договорот од Преспа.

Исто го најавуваат и други мали партии, кои немаат шанси за влез во грчкиот Парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На чудната предизборна дебата на лидерите на грчките лидери тема и Македонија

Кога сме кај Македонија, треба да се напомене дека владата на Мицотакис не ги ратификуваше меморандумите со земјава, кои се значајни и за двете земји, но исто така не спроведе и речиси ништо од грчките обврски од Договорот од Преспа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција се уште не ги ратификувала меморандумите со Македонија, оти не и е национален интерес

Фото: еМагазин/Мицотакис/Фејсбук/ЕРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Холандија го ратификуваше Протоколот за НАТО, останаа уште Франција и Шпанија

Редакција

Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром

Редакција

Полицаецот почнал да ја дави, по што неговата партнерка го прободила со нож: Детали од Обвинителството за убиството во Велес

Редакција