еМагазин
Македонија

Изборите остануваат во „игра“, се уште се преговара за Законот за јавно обвинителство

За Законот за јавно обвинителство се преговара и во моментот кога сите елементи ќе бидат исполнети тој ќе се најде на гласање, изјави денеска потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска.

Таа додаде дека изборите остануваат за на 12. април.

„Секое одложување и замајување на јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ со одложување на главни закони и можност за нивно гласање, ќе донесе само до подолго функционирање на Парламентот, но самите избори ќе останат на 12 април,“ рече Царовска.

На прашањето дали имаат обезбедно доволен број на пратеници за Законот за јавно обвинителство, потпретседателката на СДСМ додаде дека, во моментот кога ќе се стави на гласање ќе се знае бројот на пратеници кои застанале, како што рече „зад државата и веруваат дека оваа држава треба да се движи напред.“

Оценувајќи ја новата методолигија, евроамбасадорот Самеул Жбогар вчера порача дека добро е за државата да го донесе Законот за ЈО иако Европската комисија не го стави како услов.

„Примарно е за граѓаните, за да веруваат во правдата дека нема неказнивост за криминалот. Важно е и за неколку земји-членки кои сакаат да видат демонстрација за посветеност кон владеењето на правото. И на крајот, затоа што сакаме да видиме демонстрација на промена во начинот на размислување,“ рече Жбогар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 21 нови пациенти, а 11 се со потешка клиничка слика

Редакција

Не загрижува означувањето на законите за коридорите 8 и 10д со европско знаменце, вели евроамбасадорот Гир

Редакција

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Редакција