еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изборите стануваат интересни: Претседател ќе биде избран, излезноста над 40 отсто

Постигнат е потребниот цензус од над 40 проценти за избор на претседател на Републиката во вториот круг на претседателските избори.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вечерва на прес-конференција информира дека излезноста до 18:30 часот изнесува 44,50 проценти.

На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795,577 граѓани според обработени 97,61 процент од 3.428 избирачки места.

Тој оцени дека изборите поминале добро, мирно, достоинствено и без поголеми нерегуларности. На избирачките места досега не се пријавени нерегуларности, а за околината се надлежни други органи и доколку има тоа треба да се пријави.

Според податоците на ДИК покажуваат дека највиока е излезеноста во општините Крива Паланка каде на гласање излегле 70,49 проценти, а висока е излезеноста и во Гевгелија 66,17 проценти, Битола 53,26, Вевчани 65,23, Демир Хисар 67,12 проценти, Дојран 65,2 проценти, Кавадарци 61,15 проценти, Карпош 55,91 проценти, Крушево 66,97 проценти, Македонски Брод 66,87 проценти…

Најнизок е одѕивот во општина Желино и изнесува 15,42 процента, а ниска е излезеноста и во Центар Жупа со 17,43 проценти, Гостивар, Липково и Теарце со околу 23 проценти, по што следат Шуто Оризари со 26,91 и Арачинов со 30,65 проценти.

На локалните избори за градоначалник во општина Ново Село до 18:30 часот гласале 5.683 лица или 50,01 процент, а во Охрид 28.300 гласачи или 54,04 проценти.

МИА/Фото: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат формирање анкетна комисија или надзорна расправа за „случајот Ковачевски“

Редакција

Ѓорги Спасов за изјавата на бугарскиот министер Милков за Тито: Не прави разлика помеѓу фашизам и антифашизам

Редакција

(Видео) Драматични сцени од рускиот град Ростов, кој го освоија припадниците на „Вагнер“ откако влегоа во конфликт со Москва

Редакција