Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.
Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кои еМагазин секојдневно ги пренесува, регистрирани се 226 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно 24. април или 16,5% од вкупниот број.
До 23. април, бројот изнесуваше 222, до 22. април, 218, до 21. април, 214, до 20. април, 210, до 16. април, 194, до 14. април, 143, до 13. април, 126, до 12. април, 121…
Истовремено расте и бројот на излекувани здравствени работници, кој заклучно со 24. април, според податоците на ИЈЗ, изнесува 38.
Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Велес, Кочани, Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчест висока температура: 479 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми
Имаа 25 и 36 години: Детали за најмладите пациенти починати од коронавирусот во Македонија
Повеќе се мажи: 46 лица од починати од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања
Повеќе жени: На возраст од 50-59 години се најмногу од новозаразените со коронавирусот во Македонија