еМагазин
Image default
Локално

Измама во Скопје: Му дал пари на „полицаец“ за да прикрие измислена сообраќајка на ќерка му

На 13.02.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.М.(68) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице, информира МВР.

Според пријавеното, околу 10.55 часот на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

Исто така, според пријавеното, тој се согласил на тоа и во 12.44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето. Во 15.50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стрико допирал 13-годишно девојче по интимни делови од телото

Редакција

Трагедија во кочанско: Изгоре маж во пожар што сам го предизвикал

Редакција

Со возило удрил во седумгодишно дете и побегнал

Редакција