еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како да ја потврдите или корегирате Годишната даночна пријава: Не е проблем ако сте ја заборавиле лозинката

На 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на Годишната даночна пријава.

По истекот на овој рок, Годишните даночни пријави ќе бидат конечни, информираа вчера од Управата за јавни приходи (УЈП).

За да можете да ја потврдите или да ја корегирате Вашата годишната даночна пријава се логирате на Вашиот кориснички профил.

На Вашиот кориснички профил се регистрирате ОВДЕ.

Доколку сте ја заборавиле лозинката од вашиот профил, кликнете на заборавена лозинка и ќе Ви се појави опција за да направите нова.

Кога ќе влезете во Вашиот кориснички профил, ќе ја видете пресметката на УЈП.

„На 1.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани.

Годишната даночна пријава која граѓанинот ја корегирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.

Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година,“ информираа од УЈП.

Оттаму апелираа до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, да го сторат тоа во најкраток можен рок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По излегување од затвор во 1999 година, Ердоган живеел во Тетово неколку месеци

Редакција

Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј

Редакција

ТТК Банка лани со зголемена добивка

Редакција