Пред една година, на 26 февруари во Македонија беше регистриран првиот случај на Ковид-19.
Се работеше за жена која се врати од Италија, која во тој период беше една од најпогодените земји во светот.
“Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи.
Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела. По континуираниот пад од 47-53та недела од 2020, се забележува стабилизација на трендот во последните 5 недели„, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје со податоци заклучно до 7 февруари, а кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Мапа) Скопје за прв пат со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители
Фото: МЗ/Графикон: ИЈЗ