Институтот за јавно здравје објави детална анализа за вирусот на „мајмунски сипаници“.
Ви пренесуваме дел од истата.
Како мајмунските сипаници се поврзани со големите сипаниците
Клиничката слика на мајмунски сипаници наликува на големи сипаници, слична ortopoxvirus-на инфекција која е искоренета. Големите сипаници полесно се пренесувале и почесто биле фатални, бидејќи околу 30% од пациентите починале.
Последниот случај на природно стекнати големи сипаници се случи во 1977 година, а во 1980 година, по глобалната кампања за вакцинација, беше прогласена дека е искоренета ширум светот.
Поминаа 40 или повеќе години откако сите земји ја прекинаа рутинската вакцинација против големи сипаници со вакцини базирани на vаccinia-вирус. Со оглед на тоа што вакцинацијата, исто така, штити од мајмунски сипаници во Западна и Централна Африка, невакцинираните популации сега се исто така поподложни на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници.
Додека големите сипаници повеќе не се јавуваат природно, глобалниот здравствен сектор останува внимателен во случај повторно да се појави преку природни механизми, лабораториска незгода (хаварија) или намерно ослободување.
За да се обезбеди глобална подготвеност во случај на повторно појавување на големи сипаници, се развиваат понови вакцини, дијагностики и антивирусни агенси. Тие, исто така, сега може да се покажат корисни за превенција и контрола на мајмунските сипаници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каква терапија постои за мајмунските сипаници
Како се пренесуваат мајмунските сипаници
Знаци, симптоми и стапка на смртност од мајмунските сипаници
Фото: Унсплеш