еМагазин
Image default
Балкан

Како полесно до работа во Хрватска: Што ќе значат измените во Законот за странци за Македонците

На хрвтскиот пазар на труд од следната година би требало да има две значајни промени: намалување на стапката на данок на доход и либерализација на увозот на работна сила од трети држави односно земји што не се членки на Европската Унија.

Тие промени требаа да стапат во сила годинава, но беше покрената процедура за измена на Законот на странци, а новиот предлог закон вчера е испратен на усвојување во Саборот.

Сега се предлага од следната година да нема квоти за увоз на работници, туку работодавачите пред да ангажираат странски работници ќе треба да побараат од Хрваскиот завод за вработување (ХЗЗ) да спроведе истражување на пазарот на трудот.

Ако се покаже дека нема невработени лица во Хрватска кои ги исполнуваат барањата на работодавачите, фирмата ќе треба да поднесе барање за издавање на дозволи за престој и работа од Минстерството за внатрешни работи, кое по службена должност ќе бара мислење од ХЗЗ.

Хрватска изминатите години, посебно во туризмот и градежништвото вработува голем број странски работници. Синдикатите предупредуваат дека со целосната либерализација ќе се предизвика дополнителен притисок врз намалување на цената на трудот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Бројката на загинати во пожарите во Грција порасна на најмалку 50 и уште ќе расте

Редакција

За градоначалникот на Благоевград, македонскиот клуб е канцеларија и не е легитимен

Редакција

Протест во Косово против албанската Влада затоа што „му помогна на Груевски да побегне“

Редакција