Истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот „Плацевите на Водно“ го отвори прашањето дали и колку станови поседува поранешниот премер, Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, каде доби политички азил.
Од Обвинителство вчера имаше претрес во станови кои се поврзуваат со Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи Груевски: Два стана се на мајка ми, а другите два беа под закуп, нема на име на секретарка
Откриени нови станови на Груевски, едниот е на име на секретарка
На Фејсбук се јави и Груевски, кој тврди дека двата од становите се на име на мајка му, кои биле купени со кредит, а другите два, биле изнајмени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријави Груевски додека беше премиер
Додека беше премиер, според неговите анкетни листови, доставени до Антикорупциската комисија, немаше на свое име ни стан, ни куќа, ни автомбил.
Анкетните листови повеќе неможе да се најдат на официјалната страна на Антикорупциска, бидејќи повеќе не е функционер, но еМагазин ги има во својата архива.
Груевски во тој период, според анкетните листови нема недвижен имот на свое име, но пријави бројни сметки во банки, а според анкетните листови се покажа и како добар штедач во различни валути.
И во анкетниот лист кој го поднесе до Антикорупциска кога стана пратеник, откако претходно поднесе оставка од премиерската функција и лидерската во ВМРО-ДПМНЕ, а нова влада формираше СДСМ, нема недвижен имот на негово име.
Фото: Фејсбук/Груевски