еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Ангеле Сотировски, директорот на „Паркови и зеленило“, кој поднесе оставка

Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски поднесе неотповиклива оставка од функцијата, бидејќи, не е задоволен од соработката со градоначалничката Данела Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оставка поднесе и Ангеле Сотировски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, кадар на Социјалистичката партија

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го поднел до Антикорупциска комисија, кога стапил на оваа функција.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист од недвижен имот на свое име, поседува единствено земјоделско земјиште во скопско Долно Лисиче.

На име на родителите пријавил стан од наследство во Скопје, а на име на брат му земјоделско земјиште во Долно Лисиче.

Вози Рено твинго и Форд фокус, а возило пријавил и на име на брат му.

На име на родителите пријавил и акции, а на свое име и на име на сопругата, кредити од 826 илјади и 477,5 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација, кој е разрешен

Каков имот пријавил Ѓоко Велковски, разрешениот секретар на Град Скопје

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Јане Мицевски, директор на ЈП „Дрисла“, кој поднесе оставка

Фото: Фејсбук/Сотировски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерот Оливер Спасовски негативен и на второто тестирање на корона вирусот

Редакција

Приведени девет лица во акција на ГП „Табановце“, меѓу кои и командир и заменик командирот

Редакција

Обвинителство поведе постапка за 8 вработени во МВР кои издавале возачки дозволи без положен испит

Редакција