Од Апелациониот суд соопштија дека е укината пресудата за случајот “Таргет-Тврдина„ кој се однесува на масовното прислушување, со што предметот е вратен на повторно постапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се судиите кои ја укинаа пресудата на Мијалков за “Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување
еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле судиите од Апелација кои одлучуваа: Јани Нича, претседател на Советот на Судот и членовите: Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева.
Каков имот пријавил Јани Нича
Според неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога станал судија во Апелација, на свое име пријавил куќа во Крушево, од наследство и стан во Скопје, исто така од наследство.
Во Крушево од наследство има и земјоделско земјиште.
На име на сопругата пријавил две возила и уште едно на име на децата.
На свое име пријавил и обврзници, приходи од закупнина, накит и наследени парични средства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ