Јавниот обвинител Антонио Јолевски е новиот претседател на Советот на јавни обвинители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антонио Јолевски e нов претседател на Советот на јавни обвинители
Кој е Антонио Јолевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Државната комисија за спречување на корупција.
За него можат да се најдат два анкетна листа, едниот кога станал основен јавен обвинител и вториот кога станал член на Советот на јавни обвинители.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа во Битола од 135 метри квадратни, проценета на 2,1 милиони денари.
Претходно возел Опел Вектра, а сега вози Опел Мерива.
Пријавил и ливада, како и кредит од 600 илјади денари, кој го зел лани, а треба да го врати за 36 месеци.
Како основен јавен обвинител пријавил и надомест од денационализација.