Методија Димовски е новиот генерален секретар на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Методија Димовски, новиот генерален секретар на Владата
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциската комисија, кога станал член на Инспекцискиот совет.
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист, како заеднички имот пријавил три стана во Скопје, едниот од 50 метри квадратни, од наследство, проценет на 2,4 милиони денари, вториот од 101 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба, проценет на 3,9 милиони денари и третиот од 74 метри квадратни, исто така стекнат со договор за купопродажба, проценет на 4,3 милиони денари.
Како подарок пријавил куќа и земјоделско земјиште во селото Црник.
Вози Цитроен Ксара и Пежо 508, а на име на деца пријавил и возило Пежо 207.
Има и кредит од 2,5 милиони денари, кој треба да го врати до 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Методија Димовски именуван за нов генерален секретар на Владата
Фото: Фејсбук/Димовски