Наместо заклетва за да стане член на Судскиот совет, вчера судијата Наке Георгиев поднесе оставка.
Тој поднесе оставка за да неговиот син Кирил Георгиев биде избран за судија во Основниот суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Наке Георгиев, кој поднесе оставка од Судскиот совет, за да неговиот син стане судија
Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Врховен суд.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа и земјоделско земјиште во Струмица, кои се подарок.
Пријавил и доградба на куќа.
На име на децата пријавил стан во Скопје од 92 метри квадратни и три автомобили, сите марка Ауди.
На име на сопругата пак пријавил стан во Струмица од наследство.