еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Зеќир Рамчиловиќ, кој е предложен за нов потпретседател на Собранието

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ кој ја напушти Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и стана независен е предложен од СДСМ и ДУИ за нов потпретседател на Собранието.

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал пратеник.

Каков имот пријавил?

Рамчиловиќ на свое име пријавил две куќи во Долно Коњари, едната од 168 метри квадратни, стекната со договор за градба, а другата од 123 метри квадратни, стекната со наследство.

На свое име пријавил и земјиште од 1.410 метри квадратни во Долно Кољари, а земјиште во истото место пријавил и на име на родителите.

Вози Голф 5.

Пријавил и оружје, ловечка пушка и пиштол.

Има и кредит од 480 илјади денари, кој треба да го врати до 2021 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Рамчиловиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Паркинзи на општина Центар купува систем за препознавање возила за два милиони денари

Редакција

Чии акции биле најтргувани на Македонската берза во 2020 година

Редакција

Само лицата над 60 години кои се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, ќе се ревакцинираат во Македонија

Редакција