Весна Дамева, претседателка на Судски совет е разрешена од функцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разрешена претседателката на Судски совет, Весна Дамева – утре ќе се избира нов претседател
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го поднела до Антикорупциска комисија кога станала претседателка на Судскиот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Весна Дамева, новата претседателка на Судскиот совет
Каков имот пријавила
Според нејзиниот анкетен лист на свое име има пријавено стан во Скопје од 54 метри квадратни, а на име на сопругот пријавила уште еден стан во Скопје од 62 метри квадратни.
Како заеднички имот пријавила благородни метали и уметнички и колекционерски предмети.
На име на сопругот пријавила скапоцени часовници, возило Ауди А6, банкарски сеф во кој чува 2,2 милиони денари, акции и удели, но не навела каде.
На негово име пријавила и побарувања по основ на заем, а на име на децата орочени денарски и девизни депозити.
Има и кредит од 320 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.