Македонското Собрание вчера ги избра судијата од Апелацискиот суд во Скопје, Фатмир Скендер и државниот советникот за граѓанско законодавство од Министерството за правда, Татјана Васиќ-Бозаџиева за уставни судии
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева избрани за уставни судии
На веб страната на Антикорипциската комисија, може да се најде само анкетен лист за Скендер, кога станал судија во Апелација.
еМагазин го разгледа истиот.
Каков имот пријавил Скендер?
Според неговиот анкетен лист, целиот негов имот е од наследство, куќа во Центар Жупа, ливади во Брештани и Центар Жупа, како и акции за кои не навел каде.
Кога го поднел анкетниот лист имал и кредит, кој го зел во 2012 година и кој требало да го врати за три години.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.