еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кандидатот на СДСМ, Николов е новиот градоначалник на Штип

Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип. Срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев обраќајќи се вечерва во Штип по денешните предвремени парламентарни избори за градоначалник.

Имавме, оцени Заев, успешен победнички ден, на фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни избори за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот.

Се заблагодари на штипјани што, како што рече, покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива.

-Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток.

Кажаа да за напредокот на Штип, да  – за грижа  одговорност и стабилност, не за блокадите, за бојкотот, за лаги стравови ихистерии. Не дозволува овој наш народ блокади, кочења и уништувања, рече Заев.

Николов, исто така, изрази благодарност што во време на пандемија, како што рече, Штип и штипјани покажале демократија општествена одговорност и дека ќе продолжи по европскиот пат.

Најави дека прв приоритет ќе му биде формирање на фонд за заштитни маски со којшто секој граѓанин ќе добие бесплатна заштитна маска, по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.

МИА/Фото: Фејсбук/Николов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

9 бремени жени меѓу оздравените од корона вирусот во Македонија

Редакција

ДИК: Излезноста до 18:30 часот, 34,09%

Редакција

(Видео) „Руси одете дома“: Украинците протестираат во окупираните места

Редакција