еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Каракачанов: Македонците влегоа во НАТО и продолжија со политиката „и по Тито, Тито“

Не сакаме да се откажат од својот идентитет. Сакаме нешто многу едноставно: да бидат толку добри и да кажат дека нивниот идентитет настанал, кога се создале услови за тоа, изјави бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов во интервјуто за БНТ говорејќи за спорот со Македонија.

Тој повтори дека изборите во Бугарија нема да сменат ништо во однос на бугарските ставови.

„Како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но јас би додал и најтрагичниот дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република Северна Македонија и никакви избори не се причина за тоа“, рече Каракачанов.

Тој вели дека македонската страна откако видела дека Бугарија дала поддршка за НАТО, продолжила со политиката „И по Тито, Тито“.

Целото интервју ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Санкции за граѓаните кои ќе шират лажни вести за корона вирусот на социјалните мрежи

Редакција

Двомесечно бебе од Битола позитивно на Ковид-19

Редакција

Аеродром со најмногу активни случаи на Ковид-19 меѓу скопските општини

Редакција