Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во гостување на емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ на прашањето зошто не е побаран притвор за сите 13 осомничени во случајот „Империја“, односно зошто е побаран притвор за Јордан Камчев и уште четворица негови соработници, а не и за Сашо Мијалков рече дека ги почитуваат сегашните мерки за обезбедување и дека затоа немало потреба од барање ваква мерка.
На укажувањето дека сегашните мерки за обезбедување (одземање пасош и пријавување кај судија еднаш неделно) се покажале нефункционални за што е доказ бегството на Никола Груевски таа рече дека во иднина може да биде побаран притвор во други случаи, но не и за Сашо Мијалков, бидејќи немало причина да се посомневаат дека тој нема да ги почитува сегашните мерки за обезбедување што ги одредил судот.
Фото: СЈО
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катица Јанева: Кога ние побаравме притвор за Груевски, судовите не одбија