еМагазин
Image default
Бизнис

Казината „Принцес“ и „Фламинго“ и „Конти Хидропласт“ оствариле поголем приход од сите гевгелиски компании заедно

На листата на компании кои во 2018 година оствариле најмногу приходи во Општина Гевгелија, на првите три места се наоѓаат казината „Принцес“ и „Фламинго“ и фирмата за пластични профили и цевки „Конти Хидропласт“, кои заедно имале приход од 85 милиони евра.

Двете казина, што се наоѓаат во близина на македонско – грчката граница и „Конти Хидропласт“ заработиле 35 милиони евра повеќе од сите останати големи и средни компании во Општина Гевгелија кои оствариле приходи во висина од 50 милиони евра.

Најголемата гевгелиска компанија „Принцес хотел и казино“ е неприкосновен генератор за приходи во Општината со реализирани 40,5 милиони евра.

Втора по голема според реализираниот промет, е компанијата „Конти Хидропласт“ со заработени 26,9 милиони евра, а на трето место е казиното „Фламинго“ со приходи од 18 милиони евра.

Споменатите три компании во 2018 година претставувале најзначаен импулс на гевгелиската економија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сити плаза“ на Ајдован Адемоски го купува „Рамстор“

Редакција

Граѓани, фирми и институции од осигурување лани наплатиле 65,1 милиони евра

Редакција

УЈП: Годишните даночни пријави ќе може да се корегираат и за викендот

Редакција