еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Казни до 5.000 евра: Кога и како се изведува македонската државна химна?

Кој, кога и како може да ја интонира македонската државна химна е прашање што заслужува внимание по реакциите во јавноста околу изведбата на химната на приемот во Амбасадата на САД по повод 4 јули кога пејачката Тамара Тодевска „подзаборави“ на строфата во која се споменуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Овие прашања се регулирани во Законот за употребата на грбот, знамето и химната во кој пишува дека „како химна на Република Македонија може да се изведува само мелодијата и текстот на химната утврдена со Законот за химната на Република Македонија“.

Во регулативата се вели дека химната секогаш треба да се свири со достоинство и дека може да се свири на почетокот, средината или крајот од манифестацијата на која се изведува.

Законот пропишува и дека при изведувањето на химната сите присутни треба да стојат во став мирно од свирењето, односно од пеењето на првиот тон, па сè до последниот тон на химната.

Химната на Република Македонија се изведува: 

1) при испраќање на претседателот на Републиката од Република Македонија во официјални посети на странски држави и при неговото враќање во Република Македонија

2) при официјално доаѓање во Република Македонија, односно при испраќање од Република Македонија на претседател на држава, суверен или  овластен претставник на меѓународна организација

3) при полагање венци на воени гробишта, гробови на паднати борци и на други слични места од страна на официјалните претставници на Република Македонија и

4) во други случаи предвидени со закон.

Химната на Република Македонија може да се изведува:

1) на прослави, политички собири, паради и други свечени манифестации со кои офцијално се одбележуваат настани од значење за единиците на вооружените сили на Република Македонија и за граѓаните на Република Македонија

2) при меѓународни средби, натпревари и други собири (политички, научни, културно-уметнички, спортски и други) на кои Република Македонија официјално учествува или е презентирана, во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири

3) на погреб на заслужни личности кои се граѓани на Република Македонија кога од  страна на Република Македонија им се укажува посебна почест и

4) во други случаи, ако нејзината употреба не е во спротивност со одредбите на овој закон.

Химната на Република Македонија се изведува со: свирење, пеење или и со свирење и со пеење.

Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на правното лице ако ја изведува химната спротивно на одредбите од овој закон, а казните за физичките лица се движат до 1.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радио Кавадарци нема да пушта песни од Тамара Тодевска

Гордана Силјановска Давкова за пропустот на Тамара: Време е да ставиме крај, пред законите нема извини!

Тамара: Од дното на моето срце Ви се извинувам поради пропустот што го направив при пеењето на химната

Македонската химна веќе трпела промени: Познати три верзии

(Видео) На прием на амбасадата на САД Тамара ги „заборави“ Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Питу Гули кога ја пееше македонската химна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Cunda cafe, модерно кафуле во Стара Чаршија

Редакција

Дури 455.100 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Редакција

Даравелски побара ново судење

Редакција